Повеќекратниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед оствари победа од 2:1 во последниот натпревар од денешната програма од 9.коло.
„Црвените ѓаволи“ ја постигнаа петтата победа и се пробија на осмото место на табелата со 15 бодови. Нивниот денешен ривал и домаќин Шефилд Јунајтед по осмиот пораз остана „закован“ на дното на табелата со само еден бод.
Манчестер Јунајтед поведе со голот на Скот Мек Томини во 28.минута што е негов трет гол на последните два дуела.
Домашниот тим изедначи на 1:1 шест минути подоцна (34) со голот на Оливер Мек Брн.
Победата на „црвените ѓаволи“ им ја донесе дефанзивецот Диого Далот во 77.минута.
До крајот на дуелот Манчестер Јунајтед успеа да ја зачува мрежата и со тоа ги освои трите бодови.