Манчестер Сити по два последователни порази во Премиер лигата, дојде до победа на домашен терен совладувајќи ја екипата на Брајтон со 2:1.

Избраниците на Пеп Гвардиола имаа моќен старт на натпреварот и уште во раната фаза дојдоа до предност од 2:0. Во 7-та минута за 1:0 биеше Хулијан Алварез, а на 2:0 зголеми Ерлинг Халанд (во 19-тата минута). 

Во второто полувреме Брајтон успеа да дојде до поголем посед на топката и да создаде посериозни шанси за гол. Па така, во 73-тата минута, нововлезениот Ансу Фати намали на 1:2.

Во финишот (90+5 минута), Мануел Аканџи заслужено го доби вториот жолт картон, по непромислен старт над противникот.

И покрај одличната игра на Брајтон во крајната фаза од натпреварот, сепак Сити рутински одигра и дојде до триумф на овој натпревар (2:1).