Екипата на Наполи ја оствари петата победа сезонава во Серија А.
Во дуелот од 9.коло, актуелниот шампион славеше на гостувањето кај Верона со 3-1.
Наполи поведе во 27.минута, по уфрлањето на Матео Политано, на вистинско место беше Џанмарко Распадори.
И во 43-тата минута, Политано асистирање, а овој пат стрелец за 2-0 беше Кварацкелија. Дека Политано е играч на мечот, тоа се потврди во 55.минута кога повторно му асистираше на Кварацкелија за 3-0.
Домаќините намалија преку Лазовиќ, пет минути подоцна, a тоа беше и конечниот резултат, 3-1 за Наполи.
Во следното коло, Наполи пред својата публика ќе го игра дербито со Милан.
Во меѓувреме (во вторник) Наполи го чека дуелот со Унион Берлин во Лигата на шампионите.