Во втората македонска кошаркарска лига викендов на програмата се натпреварите од третото коло.
Досега непоразени екипи на МКК Куманово и Партизан Водно Санс ќе играат на домашен терен.
Токму кумановци ќе го отворат ова коло, со натпреварот точно напладне против екипата на Работнички 2.
Затоа пак Водно Санс со дуелот против Тетекс во недела, ќе биде оној што ќе ја комплетира оваа рунда.
Интересно се очекува да биде во Прилеп каде новиот Мега баскет го пречекува Маџари, како и в недела, на дуелот во Јане Сандански во кој вториот МЗТ Скопје и екипата на Шкупи.
Натпреварите може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 3.КОЛО
сабота
12.00 МКК КУМАНОВО – РАБОТНИЧКИ 2
16.30 АНГЕЛИ – БОРЕЦ БАСКЕТ
19.00 МЕГА БАСКЕТ – МАЏАРИ
недела
16.00 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – ШКУПИ
18.00 КУМАНОВО 2029 – СОКОЛИ
19.00 П. ВОДНО САНС – ТЕТЕКС