Македонскиот претставник во ЕХФ Европскиот куп, Тиквеш вечерва од 19 часот го играат реванш дуелот со австриската екипа Кремс.

На првиот дуел во Кавадарци, Тиквеш победи со 33:29. Сепак оваа предност може да биде и незгодна за двата тима на реванш дуелот.

Психолошката предноста поради победата на првиот дуел е на страна на македонскиот тим. Сепак избраниците на тренерот Никола Матлиевски ќе треба да одиграат добро и одговорно, доколку сакаат да се пласираат во следната рунда.

Тимот од Кавадарци како најава на овој дуел во четвртокот го одиграа дуелот од осмото коло од Супер лигата и во Битола славеа победа над Еурофарм Пелистер 2 со 32:27.

Дуелот во Австрија ќе го судат романските судијки Кристина Ловин и Симона Ралуца Станку.