Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски потврди дека пари за спортот ќе има и во иднина.
Имено, откако беше укинат законот со кој беше реализиран т.н. „Спортски ваучер“, сега државата преку друго решение треба да го помогне спортот.
„АМС во координација со Министерството за правда, подготвија ново законско решение, со кое ќе се уреди новиот начин на реализација на спортски ваучер.
Наскоро би требало да влезе во собраниска процедура и да биде изгласано на почетокот на следната година.
Јасно е дека ќе има помош на спортистите, клубовите и федерациите, но не на начин како што беше досега.
Критериумите ќе бидат затегнати, а тоа значи дека парите директно ќе одат кај спортистите, клубовите и федерациите, се со цел да нема злоупотреби.
Ваучерите ќе се реализираат двапати во година, во март и во јуни“ рече покрај другото Мојсоски.
Останува да се види какво ќе биде новото законско решение и дали сумата од 10.миниони евра ќе остане иста.