Ракометарките на Чаир ја остварија третата победа во Супер лигата и се израмнија со Вардар на 3-то место на табелата.

Во заостанат натпревар од 4.коло, чаирчанки славеа во дуелот со Металург Автокоманда со 29-23.

Домаќинките лошо го отворија натпреварот. Металург поведе со 3-0, а имаше и водство со 5-3, по што следуваше серијата на Чаир од 4-0. До крајот на првиот дел Чаир стигна и до шест гола позитива 15-9.

Токму таа предност се покажа и како решавачка, бидејќи и во вториот дел разликата се движеше меѓу 5 и 7 гола.

Теодора Дукоска одигра одличен натпревар во кој запиша 11 гола, за победничката екипа. Стефанија Ѓеоргиевска и Бојана Диневска додадоа по 4 гола.

Во следното коло, претстојниот викенд, Чаир му гостува на Спартак, а Металург Автокоманда го пречекува Скопје.

Куманово и Ѓорче Петров со максимални 4 победи и 12 бодови се на првите две места. Вардар и Чаир кои одиграа без победник во нивниот меѓусебен дуел, се зад лидерскиот тандем, со два бода помалку.