Актуелниот македонскиот шампион, екипата на Струга Трим Лум работи долгорочно.

Стружани не сакаат да препуштат ништо на случајноста, па затоа денеска постигнаа нов договор двајца важни играчи во својот тим.

Имено, Марјан Радески и Сава Радиќ, ја продолжија соработката до 2025-та година.

Искусниот Радески и Радиќ се едни од клучните играчи сезонава во струшката екипа, која секако има амбиции да го одбрани шампионскиот трофеј.