Младиот македонски кошаркар, Рубин Стефанов продолжува со фантастичните настапи во Италија.
Синот на легендарниот Врбица Стефанов, е предводник на екипата на Унибаскет Ланчијано со која настапува во младинската У19 лига.
Рубин и трет натпревар во низа е прв стрелец на тимот кој досега знае само за победи.
Овојпат Стефанов „јуниор“ го предводеше својот тим до убедлив триумф во дербито со најдобрата екипа во таа категорија Фортитудо Болоња.
Стефанов реализира дури 30 поени за својата екипа во победата од 81-63.
Потсетување дека истовремено, 18-годишниот Стефанов настапува и во сениорската екипа на Пескара Баскет, за која досега има постигнато 50 поени или просечно 16.7 по натпревар.
Тој е втор стрелец во својата екипа со само 1 поен помалку од Србинот, Ранитовиќ.