Репрезентацијата на Унгарија го доби дербито со Србија и направи исчекор кон Европскиот шампионат во Германија следната година.
На дуелот од 7.коло од „Г“ групата, одигран во Будимпешта, домаќинот славеше над Србија со 2:1.
Варга со прекрасен гол во 20.минута им донесе водство на домаќините.
Се играше 33-та минута кога Павловиќ успеа да го израмни резултатот на 1-1. Но, радоста на Србите траеше едвај една минута, бидејќи Салаи во 34-та повторно им донесе предност на Унгарците.
Иако до крајот на мечот Србите се обидуваа да стигнат до израмнување, сепак резултатот останата не променет.
Унгарија која е прва на табелата со 13 бодови, има три бода повеќе од Србија, но и натпревар помалку.
Со натпревар помалку е и трето рангираната Црна Гора која има 8 бодови, а во вторник и гостува на Србија. Тоа најверојатно ќе биде и директна пресметка за втората позиција што води на ЕУРО 2024-та.