Репрезентацијата на Португалија и во својот седми натпревар од квалификациите за ЕП, ја забележа седмата победа.
Португалците на домашен терен ја совладаа Словачка со 3:2 и го потврдија својот пласман на Европскиот шампионат.
Во 18.минута домаќините поведоа со голот на Гончало Рамос. Десет минути подоцна (28) Кристијано Роналдо од пенал го постигна својот прв гол на натпреварот и зголеми на 2:0.
Во вториот дел.
Ханко (69) намали на 1:2. Тога не престана голеадата. Роналдо со вториот гол (72) повторо донесе предност од два гола (3:1). Но, гостите не се предаваа, па преку Луботка во 80-тата намалија на 2:3.
Немаа сили Словаците за трет гол и избегнување на поразот, па резултатот остана не променет.
Во оваа победа и максималните 21 бод, Португалија го осигура првото место и учеството на европскиот шампионат.
Словачка останува втора со два бода повеќе од Луксембург, а четири повеќе од БиХ.
Ј група
ПОРТУГАЛИЈА – СЛОВАЧКА 3:2
ИСЛАНД – ЛУКСЕМБУРГ 1:1
ЛИХТЕНШТАЈН – БиХ 0:2