Рома на Мурињо конечно почна да игра според очекувањата и со убедлива победа 1:4 против Каљари дојде до нови три бода.
Блиц крик на Ауоар во 19-та и Лукаку 20-тата донесоа предност од 0:2. Предност која остана до крајот на првиот дел.
Истото темпо продолжи и во вториот дел кога во 51-та Гало Белоти погоди за 0:3.
Во 59-тата минута Ромелу Лукаку со вториот гол донесе 0:4.
Почесниот гол за Каљари беше дело на Нандез во 86-тата минути.
По почетната криза, ова е втора победа за Рома во низа и делува како конечно да проработе тимот на Мурињо.