Во женската ракометна Супер лига денеска ќе бидат одиграни три натпревари од 4-тото коло.
Откако вчера актуелните шампионки, ракометарките на Ѓорче Петров ја остварија и четвртата победа, денеска тоа ќе треба да го сторат кумановки.
Имено, екипата на Куманово важи за апсолутен фаворит во дуелот со Деспина, тим кој на изминатите три средби претрпе исто толку порази. Кумановки пак досега се перфектни и имаат три победи, а денешниот дуел е можност да останат така и по четвртата рунда.
Во вториот натпревар од денешната програма Стржанка го пречекува Чаир кој ќе ја има улогата на фаворит. Овие два тима се на средината на табелата. Гостинките се седми со 4 бодови колку што има и Стружанка, но со одигран еден натпревар повеќе.
Во последниот меч закажан во вечерниот термин Овче Поле СУ е домаќин на битолски Пелистер.
Натпреварите може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.
СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 4.КОЛО
недела
13:30 КУМАНОВО – ДЕСПИНА
18:30 СТРУЖАНКА – ЧАИР СКОПЈЕ
20:00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ПЕЛИСТЕР
среда
18:00 ЧАИР – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
сабота
СКОПЈЕ – СТРУЖАНКА 27-27
ГЕВГЕЛИЈА – ВАРДАР 16-27
ШАМПИОН – АСТИБО 22-27
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – СПАРТАК 41-27