Скот Мек Томинеј е новиот јунак на Манчестер Јунајтед. 26-годипниот Шкотланѓанец со двата гола во судиското дополнение му донесе победа на својот ти,

Во натпреварот од 8.коло одигран на „Олд Трафорд“, Јунајтед го совлада Брентфорд со 2-1.

Данецот, Матијас Јенсен во 26.минута, му донесе предност на гостинскиот тим кој ја имаше се до судиското дополнение однос 92-та минута.

Тогаш на сцена настапи Мек Томинеј кој во игра беше уфрлен во 87-та минута. Шкотскиот репрезентативец во 92-та го израмни резултатот, а со голот во 97-та минута му донесе победа на Манчестер Јунајтед.

Интересен дуелот одиграа Барнли и Челзи. Домашниот тим имаше предност од 15.минута (Одоберт), но со авто-голот на Ал Дакли (42) Челзи израни до полувремето.

Во вториот дел гостите од Лондон постигнаа уште три гола. Палмер (49), Стрелинг (65) и Џексон (75) беа стрелци на головите за Челзи кој славеше со конечни 4-1.

И сините од Лондон не можат да се пофалат со добри резултати, бидејќи за Челзи ова беше само трета победа сезонава.