Во женската ракометна Супер лига, ќе се играат натпреварите од четвртото коло.
Двете водечки екипи на табелата Ѓорче Петров и Куманов и по оваа рунда имаат шанса да останат на максимален учинок.
Двата тима кои ќе играат пред своите навивачи, важат за фаворити, во дуелите со Спаркат и Деспина.
На денешната програма се четири натпревари.
Гевгелија ќе ја пречека екипата на Вардар во спортската сала ,,26 Април” , додека стружанки гостуваат кај тимот на Скопје во салата ФФОСЗ.
Екипата на Ѓорче Петров игра против тимот на Спартак, а во последниот натпревар за денес, Шампион ја пречекува екипата на Астибо во салата „Гоце Делчев“ во Илинден.
Во текот на утрешниот ден. Куманово ќе игра против Деспина во салата „Перо Наков“.
Одложениот натпревар од трето коло поради настапот во ЕХФ Европскиот женски куп меѓу Стружанка и Чаир е закажан за утре во спортската сала „Нико Нестор“ во Струга.
Екипата на Пелистер 2012 гостува кај тимот на Овче Поле во Свети Николе.
Дерби натпреварот на 4.колото ќе го играат Чаир и Металург Автокоманда, а на програмата е во среда во спортската сала „7-ми Март“.
СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 4.КОЛО
сабота
12:00 СКОПЈЕ – СТРУЖАНКА
12:00 ГЕВГЕЛИЈА – ВАРДАР
17:30 ШАМПИОН – АСТИБО
18:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – СПАРТАК
недела
13:30 КУМАНОВО – ДЕСПИНА
18:30 СТРУЖАНКА – ЧАИР СКОПЈЕ
20:00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ПЕЛИСТЕР
среда
18:00 ЧАИР – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
Ивона Кимовска