Со натпреварот одигран вечерва во Куманово стартуваше новата сезона во Втората кошаркарска лига.

Екипата на МКК Куманово предводена од поранешниот македонски селектор Марин Докузивски на убедлив начин го почна својот настап.

Кумановци славеа со 100-66 во дуелот со повратникот во второлигашкото друштво Тетекс.

Уште по првата четвртина беше јасно дека искусниот состав на МКК Куманово е на добар пат. Го добија периодот со 15 разлика (29-14), а веќе на полувремето имаа +26 (54-28).

  • Така второто полувреме беше само чиста формалност па кумановци славеа со убедливи 34 разлика.

ВТОРА ЛИГА – 1. КОЛО
петок
МКК КУМАНОВО – ТЕТЕКС 100-66
сабота
17.30 ВОДНО САНС – МАЏАРИ
18.30 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – СОКОЛИ
18.30 АНГЕЛИ – ШКУПИ
19.00 МЕГА БАСКЕТ – КУМАНОВО 2009
недела
17.00 РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ БАСКЕТ