Женската ракометна репрезентација на Македонија во среда ги започнува квалификациите за Европското првенство 2024-та.
Македонските ракометарки за противнички во својата група ќе ги имаат селекциите на Азербејџан, Литванија и Шпанија.
Црвено-жолтите започнуваат со натпреварот против Азербејџан на домашен терен.
Дуелот е закажан за 11 октомври (среда) од 18 часот, а РФМ реши влезот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ за боде СЛОБОДЕН.