Македонската селекција „кошарка во колички“ ја очекува настап на меѓународниот турнир во Црна Гора.
За време на подготовките, вчера беше во посета на овој проект беше Градоначалникот на Општина Аеродром г-дин Тимчо Муцунски.
Муцунски беше длабоко трогнат и инспириран од непоколебливата решителност и мотивација што ја покажаа играчите на самиот тренинг.
Оваа посета не само што ја истакна неверојатната желба и издржливост на лицата со телесен инвалидитет, туку и фрли светлина врз позитивното влијание на инклузивните спортски програми во нашата земја.
За време на посета, градоначалникот имаше можност да биде сведок на тренинг сесија предводена. Со селекцијата ранотат искусните тренери М-р Саша Димитријевиќ и Д-р Бранко Крстевски кои ги приспособуваа вежбите за да одговараат на специфичните потреби и способности на секој поединец.
Оваа посета на градоначалникот на Општина Аеродром не само што донесе признание и охрабрување за проектот кошарка во колички, туку и ја истакна важноста од обезбедување еднакви можности за поединците со инвалидитет да се занимаваат со спорт, негувајќи ја нивната физичка и ментална благосостојба.
„Овој викенд нашиот тим за прв пат ќе учествува на меѓународен натпревар во Црна Гора, на кој ќе учествуваат и екипите Парамонт од Црна Гора и ККК Наис од Србија.
Бидејќи е рано да зборуваме за некој поконкретни спортски резултати ова гостување ќе биде да видиме до каде сме со обука на играчите бидејќи почнавме со тренинг во мај месец оваа година, но искуството од турнирот ќе ни помогне да го одредиме правецот на тренажен процес во иднина.
Морам да изразам и голема благодарност за МОК и претседателот Даниел Димевски за тоа што во сите изминати месеци ни ги обезбедија најдобрите услови за тренинг во СЦ Јане Сандански каде играчите со телесен инвалидитет ги имаат сите услови за непречен тренинг“,
изјави тренерот Димитриевиќ.