Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, се врати во својот „дом“. Вардарци од денеска повторно ќе работат, тренинг центарот во Хиподром.
Откако подолг период „лутаа“ низ фудбалските терни, за да одработат тренинг, црвено-црните сега ќе ги имаат најдобрите услови за тоа.
„ФК Вардар официјално се враќа во својата база во Хиподром.
По неопходната реконструкција на самиот објект, нашите фудбалери предводени од стручниот штаб, повторно ќе ги имаат најдобрите услови за тренинг.
Борбата за Вардар продолжува!
Во недела играме дома, против екипата на Шкендија. Знаеме колку овој натпревар е важен, но веруваме и дека секој Вардарец го знае тоа. Затоа во недела, ве повикуваме сите. Заедно сме во оваа борба – до крај!“
Ова секако влева надеж и пред се мир во работата на стручниот штаб и играчите, пред кои е тешка борба.
Вардарци в недела ќе имаат нов голем предизвик во дуелот со тетовска Шкендија.