Екипата на Атлетоко Мадрид се изнамачи да стигне до трите бодови во дуелот со Кадиз.
На натпреварот одигран во Мадрид гостите имаа и два гола предност, но благодарение на Анхел Кореа, Атлетико славеше со 3-2.
Со головите на Лукас Пирез во 12-тата и Роџер Марти во 27-та минута Кадиз имаше предност од 2-0.
Во 32-та минута Кореа го постигна првиот гол на натпреварот и намали на 1-2.
Само што почна вториот дел Молина го израмни резултатот.
Со својот втор гол, Кореа во 66-тата минута му донесе водство на Атлетико од 3-2, што подоцна се покажа и како конечен резултат.
За Атлетико ова беше пета победа сезонава со која стигна до 16-тиот бод и е на 3.место на табелата. Водечкото трио го сочинуваат, Реал Мадрид 21, Барселона 19, Џирона со 18 бодови.
Во следното коло Атлетико го пречекува Сосиедад, а во среда против Феенорт ќе игра во Лигата на шампиони.
Во вториот натпревар одигран вечерва во Севиља, Бетис ја надигра Валенсија со 3-0.