Екипата на Рома ја забележа само втората победа сезонава во Серија А. Тимот на Жозе Мурињо игра лош, но и покрај таквата игра успеа да се радува на триумф.
Овојпат пред своите симпатизери на „Олимпико“, Рома го победи Фросиноне со 2-0 во натпревар од 7.коло.
Во првото полувреме, Ромелу Лукаку во 22.минута и донесе водство на римската „волчица“.
До вториот го се чекаше се до 83-тата минута, кога Пелегрини се запиша во листата на стрелци.
Со новите бодови, вкупно само 8, Рома скокна за четири места на табелата и сега е 12-та.
Во следното коло Рома гостува кај последно пласираниот Каљари. Во меѓувреме (четврток) ќе треба да го одигра натпреварот со Сервет во Лигата на Европа.