Во женската ракометна Супер лига денеска се одиграа четири натпревари од третото коло.
Освојувачот на Купот, тимот на Куманово забележа убедлива победа над екипата на Шампион со 34:9.
Астибо на домашен терен лесно ја победи екипата на Гевгелија со 34:24. Од тимот на Астибо најмногу се истакна Марија Анчева.
Екипите на Спартак и Деспина одиграа еден неизвесен натпревар. Но, сепак домашниот тим се покажа како поквалитетен и оствари победа со 24:22.
Последниот натпревар за денес се одигра во Битола, каде домашната екипа на Пелистер успеа да извојува победа над Скопје со 22:19.
Вчера, Вардар ја пречека екипата на Овче поле СУ. На овој натпревар Вардарки доминираа и славеа убедливо со 45:22.
Екипите на Ѓорче Петров и Чаир поради настапот во ЕХФ Европскиот куп своите натпревари од 3.коло ќе ги одиграат дополнително.
Ивона Кимовска