Џенова беше одлична денеска на гостувањето кај Удинезе, но не ги освои трите бода. На крајот натпреварот од 7.коло во Серија А заврши без победник 2:2.

Алберт Гудмундсон денеска повторно блесна постигнувајќи ги двата гола за својот тим за гостинскиот тим. Првиот во 14.минута му донесе водство на својот тим.

Но, набрзо следеше израмнување, а стрелец беше Лука во 23-тата минута.

До крајот на првото полувреме уште еден гол во мрежата на домаќините, стрелец повторно беше Гудмундсон во 41.минута.

Домашните напаѓаа и успеаја да израмнат во судиското надополнување.

Тоа благодарение на автоголот беше Матуро, и тоа на почеток од судиското продолжение.