Во Првата македонска фудбалска лига денес ќе се одиграат 5 натпревари со почеток од 14 часот.

Најмногу внимание привлекува натпреварот помеѓу двата претходни шампиони. Екипата на Шкупи ја пречекува екипата на Струга ТЛ и ќе се обиде да им се одмазди за последните два порази. И двете екипи имаат позитивна серија без пораз и тоа ќе го направи овој натпревар уште поинтересен за љубителите на фудбалот.

Во Скопје ќе се сретнат екипите на Работнички и Тиквеш. Двете екипи оваа сезона играат променлив фудбал и секогаш претставуваат опасност за противникот. Не очекува доста интересен натпревар каде што улогата на фаворит ќе биде изоставена.

Брегалница после три врзани порази, на домашен терен во Штип ќе ја дочека екипата на Вардар. Црвено-црните се во лоша форма и се наоѓаат на последната позиција, а токму штипјани ќе се обидат да ја искористат таа нивна лоша форма и да излезат од кризата без победа.

Шкендија во ова коло влегува како лидер на табелата, а нова победа ќе брка на гостински терен во Гостивар. Гостиварчани оваа сезона имаат само две победи и се надеваат на чудо и да ја изненадат фаворизираната екипа на Шкендија.

Силекс на домашен терен важи за фаворит против екипата на Воска Спорт. Меѓутоа охриѓани од натпревар на натпревар играат се подобро, а тоа значи дека кратовци иако се фаворити сепак треба добро да се намачат за да стигнат до победа.

ПРВА ЛИГА – 9.КОЛО
Недела
ШКУПИ – СТРУГА ТЛ
СИЛЕКС – ВОСКА СПОРТ
ГОСТИВАР – ШКЕНДИЈА
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ
БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАР
Сабота
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – БРЕРА СТРУМИЦА – 1:0

Сите актуелности, може да ги следите ВО ЖИВО ОВДЕ

ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО