Откако минатата сезона го имаа своето деби во прволигашката конкуренција годинава чаирчани со искуство повеќе влегуваат во новата сезона.
Екипата на Чаир, лани беше во долниот дел од табелата и се избори за опстанок во Првата лига.
Со промените во составуваат тренерот на Чаир, Ерхан Рамадани верува дека може да обезбедат пласман во разигрувањето, односно осумте најдобри.
„Направивме се да се задржи ‘костурот’ на тимот и донесовме искусни играчи со кои мислам дека сме комплетни и сме поконкурентни за ТОП 8.
Oваа година нашите цели се да бидеме дел од плеј-офот и финалниот турнир од Купот на Македонија.
За денешниот натпреварот.
Можам слободно да кажам дека владее топ атмосфера, како кај играчите, така и кај навивачите кои ги очекуваме во голем број. Очекувам дека ќе биде цврста игра. Ние сме спремни и ќе дадеме се од себе за да го добиеме првиот натпревар во новата сезона“, вели тренерот на чаирчани Рамадан.
Чаирчани се враќаат во салата „Шабан Трстена“ каде ќе имаат голема поддршка и публиката треба да биде нивниот „шести“ играч.
Денешниот натпревар меѓу Чаир и Феникс ќе започне од 19 часот.