Нешто порано од предвиденото, денеска со два натпревари започнува новата сезона во машката кошаркарска Прва лига.
Работнички и Феникс ќе играат во ФИБА Еврокупот, па затоа овие два тима денеска ќе ги одиграат првите натпревари сезонава.
Работнички, со неколкумина македонски репрезентативци, а заедно во четворицата странци, создаде конкурентен тим.
Тимот од „Градски парк“, а сега во СЦ „Кале“, за противник ќе го има составот на ТФТ. И во редовите на екипата од Тафталиџе имаше повеќе промени, но како и секогаш тие се со амбиции за највисок пласман.
Овој натпревар ќе се игра во СЦ „Кале“ во терминот од 18 часот, а еден час подоцна почнува и вториот.
Во салата „Шабан Трстена“, во скопски Чаир истоимената екипа е домаќин на Феникс во терминот од 19 часот.
И во овие два тима има големи промени во играчкиот кадар, па во текот на сезоната ќе се види дали и колку ќе бидат конкуренти за највисок пласман.
Останатите четири натпревари ќе се играат претстојниот викенд.
Новајлиите во прволигашкото друштво Вардар и Охрид ќе играат во сабота во „Кале“.
Шампионот МЗТ Скопје Аеродром одбраната на титулата ќе ја почне во Гевгелија против Кожув. Во Гостивар ќе гостува вицепрвакот Пелистер, а ФМП Академија е домаќин на кавадаречки Фени Индустри.
КОШАРКА – ПРВА ЛИГА – 1.КОЛО
среда
18.00 РАБОТНИЧКИ – ТФТ
19.00 ЧАИР – ФЕНИКС
сабота
ВАРДАР – ОХРИД
недела
18.00 КОЖУВ – МЗТ СКОПЈЕ А.
18.00 ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР
18.00 ФМП АКАДЕМИЈА – ЕУРО НИКЕЛ