Попладнево во ФФМ со ждрепка беа одредени двојките за втората рунда во Купот на Македонија.
Извлекувањето го донесе дуелот на бранителот на трофејот, Македонија Ѓорче Петров и Вардар.
Од останатите натпревари од осминафиналната рунда издвојуваме.
„Езерското“ дерби. Актуелниот шампиони и минатогодишен финалист во купот Струга ТЛ ќе гостува во Охрид кај Воска Спорт.
Во Скопје ќе се игра и натпреварот Работнички – Шкендија, додека во Битола кај Пелистер ќе гостува сезонава одличниот Тиквеш.
ДВОЈКИ ЗА 1/8 ФИНАЛЕ – КУП НА МАКЕДОНИЈА
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П
ВОСКА СПОРТ – СТРУГА Т.Л.
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА
СИЛЕКС – БАШКИМИ
ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ
БРЕРА – ГОСТИВАР
ШКУПИ – ОХРИД
БРЕГАЛНИЦА – ЈАНГ ТИМ
Натпреварите ќе се играат на 25 октомври до 14 часот.