Еден од поинтересните натпревари што ги носи осмата рунда во ПМФЛ е дуелот во Струга.
Таму кај шампионот Струга Трим Лум гостува скопски Работнички.
Иако „романтичарите“ по седумте одиграни натпревари имаат освоено само 10 бодови, сепак тие веруваат дека можат до добар резутат.
„Му гостуваме на шампионот. Секако дека тоа е голем предизвик за нас.
Максимално го респектираме противникот, имаат квалитетен состав, но, сепак, не се и непобедливи.
Ние веруваме во нашите квалитети, добро работевме во изминатиот период и се надеваме дека ќе одиграме квалитетно и ќе оствариме позитивен резултат“,
вели голманот на Работнички, Игор Алексовски.
Натпреварот Струга Трим Лум – Работнички, како и останатите, започнува во 15 часот, а може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.