Дерби натпреварот од 8.коло во ПМФЛ ќе се игра во Струмица каде Брера го преслекува Силекс. 

Струмичани се на делба на првото место со Шкендија, со само еден бод повеќе од кратовци. Тоа ветува добар фудбал, во кој двата тима ќе се обидат да стигнат до трите бода. 

„Сигурно дека ќе бараме три бода на следниот меч за да се вратиме во колосек.

Ќе бидам субјективен, но тоа е мое мислење, ама без разлика што не дадовме гол на последните три меча, заслуживме два до три бода повеќе.

Сигурно е дека нема да биде лесно со Силекс, исто како и на секој друг меч. Мора од првата минута да имаме енергија, за да се вратиме во вистински колосек“,

истакна Марио Врдољак, капитенот на Брера. 

Струмичани се во криза. По четирите стартни победи, на последните три натпревари Брера се нема надувано. 

Силекс има само еден пораз и тоа на почетокот на сезоната од Брегалница, а оттогаш кратовци не знаат за пораз.

Натпреварот Брера Струмица – Силекс започнува во 15 часот.