Екипата на Штутгарт го продолжува одличниот настап во новата сезона на Бундес лигата.

Во воведниот натпревар од 5.коло, Штутгарт го победи Дармштат со 3-1 и изби на првата позиција на табелата.

Иако гостите први поведоа во 17-минута со голот на Загаду, во продолжението Штутгарт направи целосен пресврт.

Милот во 32-та минута го израмни резултатот, а Гуераси му донесе предност на Штутгарт од 2-1.  Истиот фудбалер во судиското дополнение ги постави конечните 3-1.

Ова беше четвртата победа за Штутгарт кој сега со 12 бодови е прв на табелата, во исчекување на настапите на ривалите.

На втората и третата позиција се Баер Леверкузен и Баерн Минхен кои имаат по два бода помалку.