Попладнево беа одиграни натпреварите од првата, 1/16-финална, рунда во фудбалскиот Куп ма Македонија.

Фаворитите ја оправдаа улогата, и се пласираа во осминафиналето. 

Прволигашите Брегалница, Шкупи, Воска спорт забележаа убедливи победи, а проблем немаше ниту Тиквеш. 

На четири натпревари победникот беше решаван по пеналите.

Најинтересно беше на натпреварот Беса – Вардар. Откако во регуларниот дел двата тима постигнаа по еден гол и тоа од белата точка, се пристапи кон изведување на пенали. Во серијата по шест удари Гачевски успеа да одбрани два и да ги одведе црвено-црните во осминафиналето.

КУП НА МАКЕДОНИЈА 1/16 ФИНАЛЕ

ЈАНГ ТИМ – ПОБЕДА 0-0 (4-3 пенали)
НОВАЦИ – БРЕГАЛНИЦА 0-8
БАШКИМИ – СКОПЈЕ 1-1 (4-3)
АРЕСИМИ – ТИКВЕШ 1-2
КОЖУФ – БРЕРА Струмица 0-2
КАРБИНЦИ – ВОСКА Спорт 0-10
ОХРИД – ДЕТОНИТ Плачковица 2-0
БЕЛАСИЦА – ГОСТИВАР 0-0 (3-4)
БФК КОЊАРЕ – ШКУПИ 0-8
БЕСА – ВАРДАР 1-1 (4-5)
ТЕТЕКС – РАБОТНИЧКИ 0-3
ВЛАЗЕРИМИ – ПЕЛИСТЕР 0-4

Во следната рунда ќе се приклучат и ланските полуфиналисти: освојувачот на трофејот Македонија Ѓорче Петров, финалистот Струга Трим Лум и екипите на Шкендија и Силекс.

Осминафиналните натпревари се закажани за 25 октомври (14 часот).