Одличен натпревар со многу возбудувања и дури пет погодоци одиграа Фиорентина и Аталанта, каде на крајот домаќините со 3:2 се радуваа на победата.
Натпреварот тргна подобро за гостите од Бергамо кога преку Купмајнерс во 20-тата минута дојдоа до предност.
Сепак со одличен финиш и два гола во рок од 10-тата минути Фиорентина дојде до целосен пресврт.
Најпрвин Бонавентура во 35-тата минута изедначи на 1:1, за да во 45-тата минута Лукас Мартинез втор пат ја затресе мрежата на гостите.
Возбудувањата продолжија и во вториот дел кога Лукман во 53-тата ја врати Аталанта во егал.
Следуваше период на интензивна игра со шанси и на двете страни.
Таква игра подобро се снајдоа домаќините кои преку Куме во 76-тата минута дојдоа до 3:2 и голема победа.