На Светското првенство слободен стил, што се одржува во Белград денеска настап на тројца македонски репрезентативци.

За разлика од вчера, кога тројца наши борачи експресно го завршија настапот, денеска, барем засега, сме поуспешни.

Расул Шапиев кој настапува во категоријата до 74.кгр обезбеди осминафинале.

Тој веќе оствари две победи. Во првото коло тој го победи Сеунгчул Ли од Кореја со 8-0, а во второто беше подобар од Улах со 3-2. Во осминафиналната борба Шапиев за противник ќе го има Словакот, Салказано.

И Владимир Егоров (52.кгр), оствари триумф. Тој во 1.коло беше подобар од Роберти Дингашвишвили од Грузија со 4-2 на поени. Егоров во 2.коло за противник ќе го има Арсен Харутјуњан од Ерменија.

Својот настап го заврши Ахмад Магомедов (79.кгр), кој во првата борба загуби со 2-3 од Ахмед Усманов.

Покрај Шапиев и Егоров, ќе остане настапот на Магомедгаџи Нуров (97.кг), како и на единствената во женска конкуренција Вероника Рјабоволова која треба да настапи на 20 септември.