Во Првата македонска фудбалска лига денес ќе се одиграат останатите 5 натпревари од седмото коло.
Шкендија во ова коло влегува како водечка екипа, но исто така и како единствена екипа која нема пораз. Во Кратово ги очекува тешко гостување каде што Силекс е секогаш незгоден домаќин.
Шампионот Струга ТЛ го очекува гостување на жешкиот терен во Штип. Брегалница има 3 победи и 3 порази, а на денес ќе се обидат да го искористат домашниот терен за да стигнат до четвртата победа.
Во Кавадарци не очекува интересен натпревар помеѓу екипите на Тиквеш и Вардар. И двете екипи до сега не се прикажаа во одлично светло, па овој натпревар е одлична можност за една од нив да блесни.
Македонија ЃП се наоѓа на долниот дел од табелата и има само 2 бода повеќе од последниот Гостивар, кој им е денешен противник. Гостиварчани имаат големи промени во играчкиот кадар и се уште се чека да проработат сите засилувања.
Работнички се враќа повторно на арената „Тодор Проески“ и ќе ја дочека екипата на Воска Спорт. Романтичарите враќањето дома ќе сакаат да го прослават со победа, но за тоа се прашуваат и гостите од Охрид.
ПМФЛ 7.КОЛО
Недела (15 ч.)
БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА Т.Л.
МАКЕДОНИЈА ЃП – ГОСТИВАР
РАБОТНИЧКИ – ВОСКА СПОРТ
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА
ТИКВЕШ – ВАРДАР
Сабота
ШКУПИ – АП БРЕРА СТРУМИЦА 1-0