Семејството Вардар од оваа сезона е побогато за уште еден тим, а тоа е женскиот фудбалски клуб Вардар.

Вардарки предводени од Теодора Димитровска оваа сезона се натпреваруваат во Втората женска фудбалска лига.

Во Охрид денес го имаа своето официјално деби на фудбалската сцена. Нивниот старт делува многу моќно, а на своја кожа тоа го осетија фудбалерките на ЖФК Билјанини Извори.

Екипата на Вардар славеше со високи 16:1, а овој резултат е потврда дека нивната цел е пласман во Првата лига.

Веќе по првите 45 минути Вардар имаше стекнато предност од 5 гола, поточно резултатот гласеше 6:1, а во вториот дел ја наполнија до врв противничката мрежа.

Мила Наумовска беше најефикасна со 4 гола.  Данче Карпузовска, Теодора Јанковска и Драгана Гегова постигнаа по 3 гола, Сара Сточевска постигна 2, додека Анамарија Трпевска постигна 1 гол.