Продолжија возбодувањата во англиската Премиер лига.
Манчестер Сити со пресврт ја продолжи победничката серија. Избраниците на Гвардиола иако имаа негатива од 1:0 после првиот дел, сепак на крајот славеа со 3:1. Пресвртот го најави новото засилување Џереми Доку во 46-минута кога го изедначи резултатот.
Хулиан Алварез во 76-минута со одлично проигрување асистира за Бернардо Силва, кој ладнокрвно носи водство од 2:1. Во 86-минута Ерлинг Халанд го постави конечниот резултат од 3:1.
Манчестер Јунајтед повторно не личи на себе и на домашен терен е поразен. Брајтон игра инзвореден фудбал и славеше со 3:1 на Олд Трафорд.
Поранешниот играч на Јунајтед, Дани Велбек во 20-минута го отвори резултатот и донесе предност од 1:0 за Брајтон. Паскал Грос во 53-минута го зголеми водството на 2:0.
Жао Педро беше само 7 минути во игра, но му беа доволни за во 71-минута го постигни и третиот гол за Брајтон. Две минути подоцна, во 73-минута Ханибал го намали резултатот на 3:1, а воедно тоа беше и последниот гол на овој дуел.
Тотенхем во луд финиш стигна до пресврт и до сите три бода. Густаво Хамер во 74-минута го отвори резултатот и донесе водство за Шефилд.
Во судиското надополнување блесна бразилската ѕвезда, Ричарлисон. Во 98-минута го изедначи резултатот на 1:1, а во 100-минута асистираше за Дејан Кулушевски, кој донесе целосен пресврт и победа од 2:1.