Во Втората македонска фудбалска лига денес ќе се одигра 5-тото коло. Сите 8 натпревари ќе започнат во 15 часот.

Највозбудливи ќе бидат натпреварите што ќе се одиграат во Гевгелија, односно во Радовиш.

Екипата на Кожуф има одличен старт со максимални 4 победи од исто толку натпревари. Во Гевгелија гостува амбициозната екипа на Пелистер, која цели кон првото место. Битолчани минатото коло прв пат не стигнаа до целиот плен и освоија само еден бод во дербито со Детонит. На овој натпревар екипата на Пелистер гледа одлична можност за да им се врати на победите и да избие пред екипата на Кожуф на табелата.

Детонит Плачковица во ова коло влегува со 3 победи и едно реми, но исто така и со само еден примен гол. Фаворитската екипа на Беса има максимален скор од 4 победи, но и најдобар напад со постигнати 12 погодоци. Ова ќе биде еден одличен натпревар каде што најдобриот напад ќе се обиде да ја скрши една од најдобрите одбрани во лигата.

Во Струмица не очекува дуел помеѓу Беласица и Победа, екипи што многу значат во македонскиот фудбал, а денес водат грчевита борба за да опстанат.

И на останатите терени нé очекуваат интересен натпревари.

ВТОРА МАКЕДОНСКА ЛИГА – 5.КОЛО
сабота
БЕЛАСИЦА – ПОБЕДА
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – БЕСА
КАМЕНИЦА САСА – ТЕТЕКС
КАРАОРМАН – АРСИМИ
КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА – ПЕЛИСТЕР
НОВАЦИ – БАШКИМИ
ОСОГОВО – ОХРИД
ВАРДАР НЕГОТИНО – СКОПЈЕ

Standings provided by Sofascore