Се е подготвено за новата сезона во новата сезона на новите возбудувања во „низнис баскет лигата“.

Имено „Бизнис 3х3 Баскет3“ на Спортплан, е со рекреативно–натпреварувачки карактер кој помага во развој на тимскиот дух во вашата компанија.

„Тренд е не само во светот, туку и кај нас, покрај секојдневното работење во канцеларија, вработените да се организираат и на заедничко спортување кое уште повеќе би ја подигнало нивната продуктивност и организираност. Преку спортувањето тие не остануваат само формални колеги, туку и спортисти со борбен дух“. 

Затоа Спортплан на крајот од септември 2023 па се до 15. мај 2024 во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје организира „Бизнис 3х3 Баскет“.

Покрај тоа, самиот настан ќе има хуманитарен карактер со кој што ќе се поттикнат сите вклучени да ја негуваат најголемата човекова доблест, хуманоста.

Пренос на сите натпревари ќе одат во живо како и досега на „livestream“ платформа.

Во овој период од Спортплан ги охрабруваат сите заинтересирани навремено да се пријават со својот тим. Истото завршува до исполнување на капацитетот на турнирот.

Редакцијата на СПОРТ+ годинава редовно ќе ги следи и информира од настаните на ова натпреварување. 

Повеќе информации за Спортплан и „Бизнис 3х3 Баскет
075/721-715 и pancevski@sportplan.mk