Италијанците полека стануваат фрустрирани кога во прашање се фудбалските искуства со репрезентацијата на Македонија.

И синоќа во Скопје, Азурите мака мачеа со нашата репрезентација.

Бараа разно разни изговори во неуспехот да ги освојат трите бода, но не најдоа сили да признаат дека беа надиграни.

Единствено селекторот Лучијано Спалети призна, дека направил голема грешка со нашиот „дијамант“ Ељиф Елмас и воедно се извини.

„Минавме две години со Елмас, Тој е беспрекорен професионалец и можам да му се извинам што можеби не му дадов доволно простор.

Елмас заслужи да игра повеќе во Наполи, но можам да кажам дека напорно работеше, на тренинзите секогаш беше одличен. Му посакувам само успеси во кариерата“,

изјави Спалети.

Дебито на Спалети беше неуспешно, оценуваат италијанските медиуми, кои додаваат дека следниот натпревар со Украина е „да се биде или не “ за Италија.

(ВИДЕО) Еврогол на Барди за реми со Италија