Вардарци не застануваат со засилувањата на тимот. Црвен-црните денеска го промовираа Љутфи Билали за свој нов играч.

31-годишниот фудбалер треба да ја засили конкуренцијата во нападот на Вардар.

Тој има богато искуство како во домашниот шампионат така и на меѓународната сцена.

Билали во Првата макеоднска лига има настапувано за: Силекс, Металург, Пелистер, Ренова, Гостивар и Беса.

Интернационално искуство има со екипите на: Интерблок и Цеље (Словенија), Конкордиа (Швајцарија), Егиниакос (Грција), Хака (Финска), Бардејов (Словачка).