Репрезентацијата на Србија е првата која обезбеди пласман меѓу четирите најдобри на Светското првенство.
Во правиот натпревар од четвртфиналето Србија убедливо ја совлада Литванија со 87-68.
Литванците подобро го отворија натпреварот. Имаа и шест поени предност, а на првата пауза заминаа со +1 (25-24). Во втората четвртина, почна да функционира Богдан Богдановиќ (18 поени прво полувреме). Србите погодуваа од сите страни и на полувреме заминаа со двоцифрена предност +11 (49-38).
И во вториот дел Србите продолжија во ист ритам, па на крајот заслужено славеа победа со конечни 87-68.
Кој ќе биде противник на Србија ќе дознаеме утре по одигрувањето на последниот четвртфинален натпревар меѓу Словенија и Канада.
Денеска пак ќе го дознаеме вториот полуфиналист, откако од 14.40 часот ќе играат САД и Италија.
Последниот пар за четвртфиналето го сочинуваат Германија и Летонија.
ЧЕТВРТФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ
ВТОРНИК
СРБИЈА – ЛИТВАНИЈА 87-68
14:40 САД – ИТАЛИЈА
СРЕДА
10:45 ГЕРМАНИЈА – ЛЕТОНИЈА
14:30 СЛОВЕНИЈА – КАНАДА
ПОЛУФИНАЛЕ (петок – 8 септември)
СРБИЈА – Канада / Словенија
Италија / САД – Германија / Летонија