Репрезентацијата на Полска ја потврди фаворитската улога во групата „Ц“ на Европското првенство, чии натпревари се играат во Скопје.
Полјаците во дуел од 2.коло ја совладаа Холандија во четири сета (3:1) и ја впишаа втората победа.
Во првиот сет Холандија одигра одлично и го доби сетот тесно со 25-23. Тоа како ја ги налути полските одбојкари, па во вториот на противникот му препушти само 13 поени (25-13). Во следните два „лалињата“ беа за нијанса подобри, но и тие ги загубија со 25-19 и 25-22.
Тоа беше првиот натпревар од второто коло, во кое утре ќе се играат останатите два меча.
Во првиот од 17 часот, ќе се сретнат Холандија и Чешка, а во вториот од 20 часот Македонија и Црна Гора.