Со осумте натпревари што ќе се играта вечерва ќе биде заокружена групната фаза на Светското кошаркарско првенство.
Познати се веќе десет селекции кои сигурно ќе разигруваат во осминафиналната рунда.
Од оние кои ќе настапат денеска тоа се светскиот првак Шпанија и селекцијата на САД.
Само теорија или подобро речено научна фантастика може да ги елиминира Србија и Словенија. За да се случи тоа овие селекции треба да загубат со незамислива разлика од Јужен Судан и Зеленортската република.
Затоа пак два натпревари директно решаваат за вторите места во Ц и Г групите.
ПОСЛЕДНО – 3.КОЛО (СРЕДА)
10.00 СРБИЈА – ЈУЖЕН СУДАН (група Б)
10.00 ГРУЗИЈА – ВЕНЕЦУЕЛА (група Ф)
10.40 САД – ЈОРДАН (група Ц)
11.45 БРАЗИЛ – БРЕГ НА СЛОНОВА КОСКА (група Г)
13.30 СЛОВЕНИЈА – ЗЕЛЕНОРТСКА РЕПУБЛИКА (група Ф)
14.00 КИНА – ПОРТОРИКО (група Б)
14.40 ГРЦИЈА – НОВ ЗЕЛАНД (група Ц)
15.30 ИРАН – ШПАНИЈА (група Г)
*Пласман во осминафиналната рунда (по групи) ќе обезбедија првопласираните две селекции.
Б група: *?Србија 4, Порторико 3, Јужен Судан 3, Кина 2.
Ц група: *САД 4, Грција 3, Нов Зеланд 3, Јордан 2.
Ф група: *?Словенија 4, Грузија 3, Зеленортска Република 3, Венецуела 2.
Г група: *Шпанија 4, Бразил 3, Брег на Слоновата коска 3, Иран 2.
А група: *Доминиканска република 6, *Италија 5, Ангола 4, Филипини 3.
Д група: *Литванија 6, *Црна Гора 5, Египет 4, Мексико 3.
Е група: *Германија 6, *Австралија 5, Јапонија 4, Данска 3.
Х група: *Канада 6, *Летонија 5, Франција 2, Либан 0.
Во осминафиналето ќе бидат формирани нови четири групи со по четири репрезентации. Во нив ќе се одиграат по две коло, а репрезентациите пренесуваат бодови од првата фаза.
Групите ги формираат репрезентациите од А со Б групата, односно Ц-Д, Е-Ф и Г-Х.
По ист принцип останатите 16 селекции ќе разигруваат за пласман од 17 до 32 место.