Останаа уште три слободни места за групната фаза во Лигата на шампионите.

Вчеравечер место во елитата обезбедија, Галатасарај, Браја и Јанг Бојс.

Кои екипи ќе им се приклучат ќе дознаеме вечерва, по одигрувањето реванш дуелите од последна квалификациска рунда.

Ниту една од шесте екипи не создаде поголема предност на првите натпревари, па затоа вечерва нé очекуваат интересни и неизвесни реванш средби.

Мала предност ќе има екипата на Копенхаген која пред своите симпатизери против полскиот раков ќе започне со гол предност.

Со еден гол предност во Атина кај АЕК ќе гостува белгискиот Антверпен.

Најинтересно се очекува да биде на дуелот во Ајндховен. Таму ПСВ и Глазгов Ренџерс реваншот ќе го започнат со 2-2 резултат остварен на првиот меч во Шкотска.

Трите натпревари започнуваат во стандардниот вечерен термин од 21 часот.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ПЛЕЈОФ (реванш)
среда
АЕК (Грција) – АНТВЕРПЕН (Белгија) (0-1)
КОПЕНХАГЕН (Данска) – РАКОВ (Полска) (1-0)
ПСВ (Холандија) – Г. РЕНЏЕРС (Шкотска) (2-2)
вторник
ПАНАТИНАИКОС (Грција) – БРАГА (Португалија) 0-1 (1-2 прва натпревар)
ЈАНГ БОЈС (Швајцарија) – МАКАБИ ХАИФА (Израел) 3-0 (0-0)
ГАЛАТАСАРАЈ (Турција) – МОЛДЕ (Норвешка) 2-1 (3-2)

Ждрепката за групната фаза ќе се одржи во Монако во четврток (31 август).