Дуелот меѓу Њукасл и Ливерпул го оправда приматот дерби на 2.коло во Премиер лигата. 

Супер интересен дуел одиграа овие два тима, а со пресврт и двата гола на Дарвин Нињез, гостите славеа со 1-2.

Домаќините беа подобри во првиот дел во кој поведоа со голот на Гордон во 25-тата минута. 

Проблемите за гостите се зголемија откако Ван Дајк три минути подоцна заработи црвен картон.

Но. Тоа не ги поколеба црвените од Ливерпул. Напротив во вториот дел на сцена стапи Уругваецот. 

Во 81-та минута Нуњез го израмни резултатот на 1-1. 

Кога сите очекуваа крај на натпреварот, а се играше третата минута во дополнето, Нуњез по  брза контра го постигна и вториот гол. 

Немаше време за Њукасл да спаси барем бод, па Ливерпул заслужено славеше со 2-1.