Екипата на Брера Струмица ја оствари и четвртата победа во исто толку одиграни натпревари во Првата лига.
Ребрендираната струмичка екипа во натпревар од 4.коло одигран попладнево пред своите симпатизери го совлада Тиквеш со 2-0.
По релативни мирното прво полувреме, во второто далеку по интересен фудбал понудија двете екипи.
Голема шанса за гол домаќините имаа во 57-та минута, кога ударот на Малевски заврши во гредата од гостинскиот гол.
Сепак теренската иницијатива вроди до плод во 72-тата минута. По корнерот од десната страна најдобро во шеснаесетникот на гостите се снајде Малевски за водство на домаќините од 1-0.
Кога сите очекуваа крај на натпреварот младиот Мартин Георгиевски (роден 2005-година) во шестата минута од судиското дополнение ги постави конечните 2-0.
Со оваа победа Брера Струмица го задржа 100% ефект, како што има Шкендија, но тетовци имаат одиграно натпревар помалку.
Во следната пета рунда закажана за недела, Брера Струмица гостува во Штип кај Брегалница, а Тиквеш во Кавадарци ја пречекува Воска Спорт.
ФУДБАЛ – ПМФЛ – 4.КОЛО
денеска
БРЕРА СТРУМИЦА – ТИКВЕШ
вчера
ВАРДАР – СИЛЕКС 2-2
ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА 2-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ 0-0
ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 2-0
закажана за 27 септември
ВОСКА СПОРТ – СТРУГА ТЛ