Женскиот фудбалски клуб Каменица САСА, стана дел од Европската асоцијација на клубови (ECA – European Club Association).

Успехот се должи на професионалната, транспарентна и успешна работа која беше забележана и оценета од „ЕСА“.

Зоран Златковски претседател на ЖФК Каменица САСА официјално е член на новиот Управен одбор на европската асоцијација на клубови 2023-2027.

„ЕСА“ е организација која ги застапува интересите на фудбалските клубови во организација на УЕФА.

Единствена организација која е признаена од УЕФА и има сопствен статут во ФИФА и УЕФА, ниедна одлука во врска со клубовите не може да биде донесена без согласност на ЕСА.

„ЕСА“ официјален состанок ќе одржи во Берлин од 05-07 септември 2023.