Супер ефикасен натпревар одиграа фудбалерите на Алавес и Севиља во кој беа постигнати седум гола, во натпреварот од 2.коло од Ла Лига.

Победа славеа домаќините, Алавез со 4:3

Веќе во седмата минута Риоха му донесе водство на Алавез од 1:0. Веќе во 15-тата со автоголот на Акбар стигна израмнувањето.

На третиот гол се чекаше се до 41-минута кога Ламела и донесе предност на Севиља 1-2.

Пред да замине на одмор, Риоха со својот втор гол израмни на 2:2.

Во вториот дел. По центаршут од левата страна Гарсија со глава трет пат го совлада Дмитровиќ за 3:2.

Истиот играч, пет минути подоцна, беше стрелец, на четвриот за 4:2 .

Севиља не се предаде, но голот на Рафа Миро во седмата минута од судиското надополнување не беше доволен за враќање и први бодови за Андалузијците.

Ова е прв триумф и бодови за Алавес, додека Севиља ги забележа двата порази на стартот од шампионатот.