Откако Вардар успеаја да се изборат за настап во Првата лига, стартот на новата сезона не минува како што посакуваа во црвено-црниот табор.
Екипата на Вадар лошо ја започна сезоната во прволигашката конкуренција. Три порази на исто тулку одиграни натпревар. Промена или подобро речено оставки на раководните структури и стручниот штаб.
Сето тоа ја прели чашата кај навивачите на Вардар „Комити“, кои денеска се огласија во јавноста.
Имено, на нивната Фејсбук страна „Комити“ ја изразија својата горчина од трите неуспеси.
Тие порачаа, „На фудбалерите не им дадовме поддршка туку опомена и до знаење дека не смеат да си дозволат, да ги преминат нашите црвени линии“.
Соопштението на навивачката група „Комити“ ви го пренесуваме во целост.
Фото извештај | ФК Воска – ФК Вардар (20.08.2023)
Ниту забраната за гостување, ниту резултатите на клубот, нема да не спречат!
Вчерашниот натпревар заврши со молк. На фудбалерите не им дадовме поддршка туку опомена и дознаење дека не смеат да си дозволат, да ги преминат нашите црвени линии.
Нас нѐ не болат резултатите, туку играта и најголемиот наш пораз не е во немањето бодови, туку во немањето желба. Тоа е она што мора да се промени!
Но важно е секој наш член, секој Вардарец, сега кога е најтешко да застане зад клубот. Свесни сме дека сме сами, но свесни сме и дека само сплотени можеме да стигнеме до целта.
Во среда (23.08.2023), на стадионот “Борис Трајковски”, потребна е силна поддршка од наша страна. Затоа, не се мисли, не барај изговор – дојди и биди тука, зошто сега е тешко, сега сме најпотребни!
Во среда не постои друга опција, освен победа против Силекс!
Реакцијата на „Комити“ по поразот на Вардар од Воска спорт