Ноќта меѓу саботата и неделата, Мемфис ja совладаа Индијана убедливо со 130:112, продолжувајќи ја најдолгата победничка серија во НБА од девет натпревари.
Потегот на мечот беше оној на првата ѕвезда на „Гризлите“ Џа Морант кој во третата четвртина, кога прво помина двајца противнички играчи, а потоа „крвнички“ заби над Џејлен Смит.
Морент по натпреварот потврди дека ова е најдоброто забивање во неговата кариера.
„Конечно успеав, сите го чекаа тоа“, изјави ѕвездата на Мемфис.
Тој натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок, односно со 23 поени и 10 асистенции.
Морант и пред неколку дена, на натпреварот со Сан Антонио, имаше слично забивање, а кое од двете забивања е поубаво оценете самите.